Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРомео очекува новата влада да работи на воведување реформи

Ромео очекува новата влада да работи на воведување реформи

Искрено се надеваме дека оваа долготрајна политичка криза ќе заврши, пред сè поради граѓаните, затоа што тие тоа го заслужуваат“, одговори италијанскиот амбасадор Карло Ромео на новинарско прашање за доделувањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при денешната посета на Штип.

– Се надеваме дека новата влада ќе работи на подобрување на политичката ситуација, на воведување реформи што ќе доведат до политичка интеграција на Македонија во Европската Унија – изјави амбасадорот Ромео.