Sunday, May 12, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаРодилка од Крива Паланка почина во кумановската болница

Родилка од Крива Паланка почина во кумановската болница

Уште еден смртен случај на бремена жена во болниците низ Македонија, овој пат во Куманово со што црниот биланс незамисливо расте. Станува збор за 37 годишна жена од Крива Паланка која се породувала во кумановската болница, а починала откако лекарскиот тим не успеал да ја разбуди по анестезијата.

Поради тешката состојба родилката била однесена на одделението КАРИЛ, на Ургентниот центар во Скопје каде починала во 15.40 часот. Случајот бил пријавен во СВР Куманово околу 20 часот. Телото на родилката е предадено на обдукција за да се утврдат причините од што починала.