Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРегистрирана појава на Туберколоза во скопско средно училиште, надлежните смируваат!

Регистрирана појава на Туберколоза во скопско средно училиште, надлежните смируваат!

Регистриран сличај на Туберколоза во средното училиште „Заф Љуш Марку“ во Бутел. Во понеделникот ученик од трета година од ова училиште бил хоспитализиран на болничко лекување во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Според информациите кои ги објави порталот „Здравство 24“ долготрајната кашлица била црвен аларам матичниот лекар да го упати ученикот во диспанзерот на поликлиника „Бит Пазар“ каде му била дијагностицирана заразата. Имајќи во предвид дека лицето било во контакт со повеќе лица, сите надлежни служби веднаш преземале активности за спречување на шиерење на болеста.

На вонредна лекатска проверка ќе мора да одат сите 25 ученици од неговиот клас.

-Согласно законските прописи, ние испративме писмо до училиштето неговите соученици да дојдат во диспанзерот да направат контрола. За тоа им треба упат од матичен. Денеска дојде сам едно дете, но очекуваме да дојдат и другите. Инкубациониот период е 6 недели така да има простор за проверка, вели Татјана Баевска Вучковиќ директор на Здравствен дом Скопје.

Откако бил дијагностициран овој случај, центарот за јавно здравје Скопје, и државниот санитарен и здравствен инспекторат направиле вонредна контрола во училиштето. Без детектирани забелешки биле издадени препораки за проветрување на простериите и одржување на личната хигиена. Во текот на денот била извршена и вонредна дезинфекција во училиштето.Денеска е направена и дезинфекција на училиштето.

Туберколозата има тренд на намалување, а најдобра заштита е вакцинацијата. Оваа порано смртоносна болест, не е карактеристична за урбаната средина во 21виот век.

-Вакцината секако е многу важна, но туберкулоза се јавува и кај асоцијални случаи, што значи важен е социјалниот статус, вели директорката на Здравствен дом.

Годинава биле регистрирани два случаи на Туберколоза во образовни установи, првиот случај пред неколку месеци кога зараза била дијагностицирана кај професорка во основно училиште во Чаир и денешниот слушај во Бутел.


Н.С