Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРеферендум за рудникот во Гевгелија и Валандово

Референдум за рудникот во Гевгелија и Валандово

Валандовачни бараат референдум и стопирање на изградбата на рудник на Кожуф откако гевгеличани на 23 април на референдум ќе се изјаснуваат дали се за или против.

„Мислиме дека никогаш не е доста за да се покрене една ваква граѓанска иницијатива затоа што сметаме дека населението во овој регион не е доволно информирано за се што се случува овде и што ќе се случува понатаму, така што сметаме дека граѓанската маса има право да си го каже својот став“, изјави Катерина Каракотева, граѓански активист.

Валандовачни тврдат дека со отварањето на рудникот кај Казан дол ќе има загадување ќе се уништи земјоделството, други, пак, дека оптшината ќе има бенефити. Од локалната самоуправа тврдат дека добиле гаранции дека ке биде инсталирана најсовремена опрема за заштита на животната средина, во спротивно рудникот нема да проработи.
„До пуштањето и изградбата на фабрика бидат вградени најсофистицираните апаратури кои ќе ја заштитуваат животната средина. Рудникот нема да проработи се додека истите не бидат вградени, тоа го бара и Министерството за животна средина бидејќи тие се должни на ниво на Македонија да се грижат за здравјето на луѓето“, изјави градоначалникот Николче Чурлиновски.

Лани во август, компанијата „Сардич МЦ“ почна да го гради рудникот. Најавија инсталирање на финска технологија која нема да ја загадува животната средина.