Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРедовни летови од Охрид до Белград во текот на летото

Редовни летови од Охрид до Белград во текот на летото

Српските туристи како едни од најредовните во Охрид сега ќе може да доаѓаат и директно со авион со новата воспоставена редовна линија. Стартот на новиот проект на концесионерот ТАВ денес свечено ќе биде одбележан со пригодна церемонија, а на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска ќе слета првиот авион на „Ер Србија“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград – Охрид.