Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмРецензија Star Trek Beyond – Треки приказна, дрво реализација

Рецензија Star Trek Beyond – Треки приказна, дрво реализација

obicen covekStar trek Beyond, го гледав без апсолутно никакви очекувања, кои патем ги изгубив од 2009 та година па навака. Приказната класична треки да речам, ама реализацијата благо речено дрво. Очигледно режисерот бил на некакви тешки дроги или у најмала рака како мал хејтал се што е стар трек и решил да ја искористи оваа шанса и да го сроза серијалот на нула, за жал!

Мислам види сега многу е перверзно и малоумно да почнам да теоретизирам што е суштината на овој серијал, дека основната задача на екипажот на бродот на Ентерпрајз е да бара нов живот, нови цивилазации и да оди до таму каде што никој не бил претходно… Ама ете за жал на некоја будала му текнало дека покрај основната мисија убаво ќе биде да се внесе и малку акција со фејзери и ласерски пушки, па после им текнало дека членовите од Ентерпрајз може да бидат и супермени и дека можат да скокаат и пукаат од сите невозможни ситуации, па после си рекле ај од тоа пукањето уше малку, па сеа чекај ај ќе му зееме здравје на Ентерпрајз и ќе го срушиме (ова дека ќе ги потсети луѓево на филмовите со Пикард) па ај да не биде све у свемир дај малку од филмот да има прича на некоја планета, па чекај сеа робството е тема која никад нема да застари па ај сеа тоа елиените ќе ги напраиме робовласници и веќе отиде приказната на филмот у неповрат, капак на се е тоа бркотницата со свемирски бродови, мислиш дека гледаш фаст енд фјурис, ох чекај!

star trek

Добрата страна е тоа што филмот визуелно изгледа фантастично, камерата беспрекорна, одредени кадри многу ме потсетија на старите филмови со Кирк, Ентерпрајз навистина изгледа фантастично, Боунс ми е фејворит и ми е онака таман, ама па за жал Кирк, Спок, Чеков и Ухура не ми се. Она со Сулу и неговата хомосексуалност ми беше благоречено смешно пошо имаше една сцена кај шо си го прегрна партнерот а се дигна фама небаре мислиш дека ќе има онака сцена од пола саат у филмот како се теслачат. Имаше убава поврзаност со новната ќеркичка (знаеме од старите филмови со Кирк дека Сулу има ќерка која и ќе го заземе неговото место на кормилото) ама па тоа не беше пресудно за филмот да биде добар и да те фати на носталгија. Додуша Сулу од еден бедес мадрфакр лик кој у стилот на нинџа се тепаше со тие барабите на онаа бушилицата што го уништи Вулкан во филмот од 2009 та година и изгледаше фенменално го направија исподпреосечен лик без скоро никаква улога.

За крај ќе ја пофалам музичката подлога, која можеби единствено вреди од целиот филм.

Не ме сфаќајте погрешно, не ми е намерата да хејтам, ама па тоа што сум фан на серијалот со изгледани сите сезони од Кирк до Бакула по два пати и сите филмови минимум по два пати, плус прочитана некоја книга, мислам дека ме прави доволно компетентен и релевантен во давање оценка за филмов, а мојата крајна оценка би била КАТЕГОРИЧНО НЕ!

Автор: Обичен човек