Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТГејмингФеноменот наречен Pokemon Go

Феноменот наречен Pokemon Go

obicen covekБудала работа, ја инсталирав вчера чисто да видам што е работава јер реално нетов е преплавен со информации, мемиња, туторијали, твитови и статуси по социјални мрежи.

Ок, сеуште на европско тло не може да ја симнеме преку store (за android корисниците зборам) ама нели се појави некоја apk верзија и ајде да не речам „пиратски“ почнавме т.е почнав да ја играм.

Играта у суштина е генијална, самото тоа што мора да излезеш од дома и буквално да се шеташ по улиците, сокаците, ќошињата, парковите, да се доближиш до скоро сите споменици (за Скопје зборам) па дури и до некоја црква е прилично забавно и реално на многумина од нас може или веќе ни го сменил животниот стил или пак начин на поминување на слободното време (тв, компјутер, конзола и сл).

Што е концептот на играта?! Ти си т.е сакаш да бидеш покемон тренер, нормално прво и основно за да бидеш покемон тренер треба да најдеш т.е фатиш покемони, сега веќе доаѓа моментот од погоре. Откако ќе фатиш покемон, истиот го тренираш со тоа што можеш да му подогнеш левел, да го еволвираш или просто кажано да го направиш појак. Тука доаѓаме и до оној забавниот дел, а тоа е дека на одредени места наречени gym можеш да се приклучиш на некој тим (претпоставувам дека подоцна во играта тимови ќе може да си создаваат и самите играчи, а можеби и веќе е возможно тоа) и да се бориш против други тренери. Исто така битно е да се спомене и дека на многу места низ градот (сите оние споменици, цркви и други слични културни знаменитости да речам) постојат pocestop или места каде можеш да најдеш pokeball и различни други ајтеми кои итекако се добредојдени за да можеш да напредуваш во играта. Посебно интересно ми е што имаш можност за собереш јајца кои ги ставаш во инкубатор и по изодени 2, 5 или 10 километри (ама ова сватете го буквално) може во инскубаторот да се „испили“ (посоодветен израз не ми текнува) нов покемон.

pokemongo0324-610

Камерата исто така би ја посменал, истата е така концепирана на начин што додека се фајташ односно се обидуваш да собереш некој покемон, позадината може да биде генерирана преку самата игра или пак да ја гледаш позадината риал тајм.

Нормално самата игра нуди опција нели на креирање на ликот, истиот како напредуваш во играта го левелираш, со секој поголем левел ти се отвараат нови можности итн итн, меѓутоа тоа верувам е нешто што скоро сите го знаете.

Јас се заразив со играта, денеска претпладне добри два саати се шетав низ парк, а приквечер околу три саати утепав на плоштад. Утре пак, поздрав.

Автор: Обичен човек