Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРеал Мадрид се договори со Интер за Ковачиќ

Реал Мадрид се договори со Интер за Ковачиќ

Реал Мадрид постигна договор со Интер за трансферот на 21-годишниот Матео Ковачиќ. Шпанскиот клуб за Ковачиќ ќе му исплати на Интер 32 милиони евра плус дополнителни 3 милиони како бонуси.

Хрватскиот репрезентативец во текот на утрешниот ден ќе ја има официјалната презентација пред шпанските медиуми, откако ќе ги помине медицинските тестови. Тој ќе стави потпис на шестгодишен договор со шпанскиот клуб.

Играчот од средниот ред дојде во Интер во 2013 година од Динамо Загреб, и за италијанскиот клуб постигна 5 голови на 80 натпревари.