Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРеал ја одреди цената, Јунајтед прв во редот!

Реал ја одреди цената, Јунајтед прв во редот!

За Колумбиецот нема место во плановите на Зидан, Реал Мадрид е подготвен да го продаде во случај на вистинска понуда. Хамес Родригез не ги оправда вложените 80 милиони евра, посебно во својата втора сезона во Реал Мадрид, па Флорентино размислува да го продаде по адекватна цена. Родригез денес се нааѓа на насловната страна на „Марка“ каде пишува дека Реал е спремен да го продаде за сума од 80 милиони евра.

За сега, единствени кои се подготвени да ја исплатат оваа сума се Манчестер Јунајтед, додека заинтересирани се и Челси, ПСЖ, па дури и Вест Хем. Колумбиецот е најблиску до Јунајтед, посебно поради фактот дека негов агент е Мендеш, агентот на Мурињо. Сепак, тој ќе отпатува на 26 на турнејата во САД, ќе добие шанса да се наметне, но ќе биде многу блиску до заминување штом некој клуб ќе ја понуди оваа сума.