Thursday, Dec 14, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиуми„Радио слободно Скопје“ вечерва во етер од паркот на франкофонијата

„Радио слободно Скопје“ вечерва во етер од паркот на франкофонијата

Вечерва во 21 часот започнува да се емитува програмата на „Радио Слободно Скопје“. Програмата ќе се емитува 24 часа, во следните шест дена од Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата која e трансформирана во објект – радиоприемник, со студио во внатрешноста.

Овој радио проект, чиј автор е уметникот Ѓорѓе Јовановиќ се спроведува во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и Радио МОФ.

„Радио Слободно Скопје“ во текот на шест дена ќе биде отворен медиум за визуелните уметници, музичарите, теоретичарите, социолозите, студентите, работниците, активистите и граѓаните што ќе ги претстават своите идеи и предизвици што произлегуваат од тековните политички и економски потреси, нивните ставови и размислувања за иднината. Во форма на интервјуа, музика, анализи, радио драми, овој проект има за цел да ја преиспита радио формата, да развие поинакво значење на радиото како медиум и да биде место од кое слободно ќе се говори и размислува, вели Јовановиќ.
radio1„Радио Слободно Скопје се разви како природен бунт поради сеопштата репресија на слободата на изразување и на мислата. Наша цел е да укажеме не само за тој сегмент на медиумските слободи во Македонија, туку и за с потесниот простор што културните содржини го имаат во електронските и пишаните медиуми кај нас. Она што е исто така важно во овој турбулентен период на политички и економски промени е повторно да се постават прашањата во врска со нашата заедничка иднина, солидарност и одговорност на секој поединец. Се покажа дека, со цел да се движиме напред или направиме пресврт, од време на време нашиот поглед мора да биде усмерен во ретровизорот“, вели уметникот.

Сите оние кои нема да бидат во можност да ја следат програмата во Мобилната/Монтажна галерија, таа во живо ќе се емитува на Радио МОФ, во текот на сите шест дена. Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија, УСАИД Македонија и Радио МОФ.
radio2Во продолжение дел од програмата на Радио Слободно Скопје:

– Пара вести

Разговори и предавања;

– Рамадан Рамадани чита делови од своите прозни дела Трошки и политички анализи
– Вуна во Кина, разговор со Анастас Вангели
– Владимир Јанчевски, Who’s Provoking Who? Contesting Religious Images in the Public Domain, предавање
– Владимир Јанчевски, On Art Activism, предавање
– Гоце Наумов, Figuring out the figurines- Towards the interpretations of neolithic corporeality in Republic of Macedonia, предавање

Предавања во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје – Алекос Алванос, WEST AND EAST INSIDE EUROPE- THE GREEK EXPERIMENT – Хуан Луиз Санчес,THE SPANISH CASE- From Revolts to Institutions – Катерина Колозова , INTO THE CHОRA OF MARX’S TEXT – Ричард Сејмур , National identity as central political concern – Светлана Слапшак ,National identity as central political concern – Артан Садику, Борба со национализмот- кон политиката на еманципација.

– Alexander García Düttmann : Love and the Artist,предавање во организација на Контрапункт-Скопје
– Аркзин. разговор помеѓу Никола Гелевски, Борис Буден, Љубомир Фрчковски, Жарко Трајановски, во организација на Контрапункт-Скопје
– Разговор со Борис Буден и Желимир Жилник во организација на Контрапункт-Скопје
– Интервју со Борис Буден. разговара Ивана Драгшиќ

„Кој се плаши од… “, емисија со Александра Бубевска

Разговори за мултикултурализмот Јана Колева и Ана Чупевска

Разговори за претставите изведени на последното издание на фестивалот за современ танц Локомоушун

Контактна емисија, „Ало Извршителе!”
Контактна емисија, „Алоооооооооооооооооооооо!”

Разобличување, разговор, Александра Секулиќ, Нела Хасанбеговиќ. Даниел Премец, Горан Шкофиќ, Миодраг Кркобабиќ, Ѓорѓе Јовановиќ. ЦЗКД, Белград

Концерт на Поклон Концерт на Супрематистички чочек

Радио драми;

Животинска Фарма, радио драма Голема работа, радио драма Архива на Македонски радио драма
Есеи од Дубравка Угрешиќ, Светлана Слапшак и Ноам Чомски
Женски Загреб и Скопје лично, разговори во организација на Тиииит! Инк.

Разговори со македонски писатели, Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски.

извор:Радио МОФ