Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика(Фото) Револт во Тафталиџе: Нов заграден парк, зеленилото узурпирано

(Фото) Револт во Тафталиџе: Нов заграден парк, зеленилото узурпирано

Уште еден парк во населбата Тафталиџе преку ноќ е заграден со градежни тараби, а една жителка ја повика екипата на pozitiv.mk од самото место да извести за новонастанатата состојба. Таа сакаше да биде анонимна, но ни обезбеди пристап за фотографии од височина од кои се гледа дека во заградениот простор е поставена градежна механизација за изградба на нов објект, најверојатно станбена зграда.

parktaftalige-5  parktaftalige-8 Жителката која разговараше со екипата на pozitiv.mk тврди дека планираниот објект ако има осум ката е во непосредна близина на нејзината зграда и дека целосно ќе и го блокира погледот.

parktaftalige-1

Станарите тврдат дека на средби со Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош им било ветувано дека на овој простор нема да бидат изградени нови станбени објекти, па затоа сега се зачудени.

parktaftalige-7

Се жалат и поради тоа што просторот е ограден во период кога Скопје го тресеа земјотреси и нивниот парк директно е узурпиран, па се плашат во случај на невоља дека ќе нема каде да се засолнат навремено. Најавуваат ангажирање на адвокати со цел да им помогнат во правно решавање на проблемот.

parktaftalige-9

Еден од припадниците на приватното обезбување на објектот ја предупреди новинарската екипа да не слика но, без аргументи бидејќо станува збор за јавна површина без никакви можни забрани, поточно никој не навлезе внатре во заградениот простор. Ниту пак локацијата има истакнато табла со приватниот инвеститор и што тој всушност треба да гради.

parktaftalige-6 За револтот да биде поголем ова е втора локација од зеленилото кое ќе биде уништено, на само неколку блока до веќе спорниот парк кој исто така треба да биде трансформиран во нова станбена зграда.

parktaftalige-3

Таму жителите протестираат подолг период порачувајќи дека не го даваат паркот и засега успеваат да ја одбијат градежната офанзива во Тафталиџе.