Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПрво се породила а потоа го фрлила бебето во река

Прво се породила а потоа го фрлила бебето во река

Во Рожаје до Основното државно обвинителство, црногорската полиција поднела кривична пријава против девојка од ова место поради сомневање дека го убила своето бебе веднаш по породувањето, поточно го фрлила во реката. Девојката која го фрлила детето се јавила во болницата во Беране поради влошена здраствена состојба.

Јавното обвинителсто соопшти дека докторите по прегледот утврдиле дека неодамно девојката се породила. Истата на медицинските лица им раскажала дека родила мртво дете, а потоа го замотала во ќебе и го фрлила од мост во „Ибарчанска“ река. Полицијата и пожарникарите вчера го пребарувале коритото на „Ибарчанска“ река и Ибар, а Основното државно обвинителство во Рожаје формирало и предмет и ја сослушале девојката, а по сослушувањето дежурниот обвинител донел решение за задржување и решение за здраствен преглед.