Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЖените од Дебар, Река и од Центар Жупа останаа со само еден гинеколог

Жените од Дебар, Река и од Центар Жупа останаа со само еден гинеколог

Во Општина Дебар со околу 20.000 жители има само еден гинеколог, а ситуацијата е уште поалармантна затоа што дебарското гинеколошко одделение каде работи овој гинеколог, ги покрива и двете соседни општини Река и Центар Жупа.

Поради тоа, многу често дебарки за породување се препраќаат во Струга, објави Канал 77.

– Условите таму не дека се лоши, но нема доволно персонал. Поради тоа и законски е средено потешките случаи ние да ги праќаме на Клиниката за гинекологија во Скопје, додека другите случаи за кои имаме сомнеж дека можат да завршат оперативно ги препраќаме до најблиската болница во Струга, каде постојано има двајца гинеколози и анестезилози – вели Аргетим Фида, приватен гинеколог од Дебар.

Само лани, 125 дебарки се породиле во Струга, а тоа претставува 90 отсто од вкупниот број на породувања во овој град за 2016 година.