Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПрви слики од возбудливата авантура Star Wars: Rogue One

Први слики од возбудливата авантура Star Wars: Rogue One

Можеби сите се екстра воздудени да го погледнат новиот Star Wars: The Force Awakens во декември како седма епизода од легендарната сага, но вистинската забава не очекува со следниот самостоен филм Star Wars: Rogue One кој ќе биде спој на комедија, акција и крими драма следејќи неколку платеници кои „талкаат“ низ галаксијата со многу возбудливи авантури.

Сликите се од сетот на студиото Elstree и се открива сцена во пустина со голем број на стормтрупери, односно клоновите војници на империјата. Тоа што е интересно е што ќе ја видиме Фелисити Џоунс во улога на жена бунтовик, а ќе глумат и одличните актери Форест Витакер, Бен Менделсон и Диего Луна.

Cast of the new Star Wars movie Episode 7

Премиерата на Star Wars: Rogue One е закажана за 16 декември 2016, а режијата е доверена на Герет Едвардс кој претходно стоеше зад Годзила и Чудовишта, така што визуелниот дел сигурно ќе биде импресивен.