Sunday, Jul 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеПразнични радости за целото семејство во Скопје сити мол

Празнични радости за целото семејство во Скопје сити мол

5

Насмеани детски лица, џагор, игра и пеење, расположени луѓе, еуфорија, гужва, Дедо Мраз и предновогодишна пријатна атмосфера. Најчесто сето ова се поврзува со доаѓањето на Нова Година и месецот декември кој е омилениот месец на целото семејство. Токму сево ова го имаме деновиве во Skopje City Mall каде се одржуваат Празничните Радости, предновогодишна фамилијарна програма во која уживаат најмладите, но и возрасните.

12

Новогодишните театарски престави се одвиваат на 2-от кат помеѓу BoBowling и Cineplexx. Истите се одвиваат секој петок, сабота и недела во два термина од 15ч и од 18:30 часот и тие.се наменети за најмладите. Работицата на Дедо Мраз е одлично место за каде децата ја развиваат креативноста и секојдневно изработуваат новогодишни украси од керамика. Децата во работилницата добиваат костими на елфови и уживаат во прекрасната топла атмосферата креирајќи одлични украси и декорации и меѓусебно другаруваат.

4Изненадувањето за целото семејство се попустите кои ќе ги направат последните денови од 2015-та уште поинтересни и поисполнети. Секако тука е можноста да шопнигувате за JEEP Renegade, со секоја сметка над 3.000,00 денари имате можност да го добиете овој вистински убавец.

7Вистинско изненадување е и поставката специјално наменета за љубителите на сагата Star Wars.Џеди Падаван академијата за џедаи секојдневно обучува деца, се твори со LEGO коцки и се ужива во песните од филмот изведени од дувачки оркестар.