Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмАдам Драјвер: Сценариото за Star Wars 8 е фантастично

Адам Драјвер: Сценариото за Star Wars 8 е фантастично

Актерот Адам Драјвер пред почетокот на снимањето на осмата епизода од Star Wars изјави дека сценариото е навистина фантастично и фановите ќе бидат многу задоволни од начинот на кој продолжува приказната.

Тој напомена дека работата со новиот режисер Рајан Џонсон е доста продуктивна бидејќи неговата визија е многу уникатна, а притоа ги задржува сите препознатливи елементи на Star Wars: The Force Awakens кои ги постави Џ.Џ.Абрамс. Премиерата на Star Wars 8 е закажана за следниот декември, а како нови актери доаѓаат Лора Дерн и Бенисио дел Торо.