Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрви кризи мерки – Бремените и хронично болните ослободени од работа

Први кризи мерки – Бремените и хронично болните ослободени од работа

По неколкудневното екстремно жешко време се превземени првите кризни мерки кои предвидуваат ослободување од работа на бремените жени и на хронично болните над 60 годиншна возраст, како едни од најпогодените во групата на лица со висок ризик.

sun

Владата ја донесе оваа одлука по предлог на Министерството за здраство и ќе важи до вторник следната недела. За останатите граѓани се препорачуваат повеќе мерки на претпазливост, додека пак за работодавачите има препораки да не организираат работа на отворено од 12 до 17 часот, што особено е критично во градежниот сектор.

Граѓаните кои се движат низ градот ќе може и бесплатно да се консултираат со лекар на отворените здравстени пунктови кои во Скопје ги има во градскиот парк и уште два низ скопските општини, а распореденост на медински екипи ќе има во секој град.