Thursday, Dec 12, 2019
HomeДЕНЕШНАРепубликаГраѓаните да бидат внимателни на високите температури, порачуваат здравствените власти

Граѓаните да бидат внимателни на високите температури, порачуваат здравствените власти

meteo sonce toplo leto (1)

Министерството за здравство препорача граѓаните да бидат внимателни со изложувањето на високите температури кои денеска и утре ќе ја зафатат змејава.

„Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на онаа во летните месеци и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица“, стои во препораката.

Оттаму со препорака и за хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија .

Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре се очекуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината на подрачјето на целата држава (освен во преспанско-охридскиот и осоговско-малешевскиот регион каде температурите се вообичаени за овој период).