Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет13 деца војници се спасија од герилските кампови на ФАРК во Колумбија

13 деца војници се спасија од герилските кампови на ФАРК во Колумбија

Најголемата бунтовничка група во Колумбија, револуционерни вооружени сили ФАРК демобилизираа 13 деца војници од своите редови, во рамки на договорот за ставање крај на повеќедецениските крвави борби. Меѓународниот Црвен крст соопшти дека децата се со добро здравје и дека привремено се префрлени во прифатен центар под надзор на УНИЦЕФ.

ФАРК во мај прифати да ги ослободат децата под 15 години од своите герилски кампови. Овој хуманитарен гест доаѓа по договорот постигнат минатиот месец.

Инаку, ФАРК е познат по киднапирање на мали деца, по што децата се изложени на воени тренинзи во герилските кампови низ Колумбија. Ова е една од фотографиите која го шокираше светот:
colombija-farc-deca