HomeГИГА БАЈТСмартфонПрви детали за супер моќниот LG G Pro 3

Први детали за супер моќниот LG G Pro 3

LG беше прилично тивок изминатиот период за можниот нов Pro фаблет фокусирајќи се само на LG G4 како главен водечки смартфон, но сега еден месец по неговиот пласман добиваме и први протечени информации за спецификациите на LG G Pro 3 кој ќе биде уште помоќен.

lg g pro 2

Фаблетот LG G Pro 3 планирано е да располага со огромен 6 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 820 процесор, 4 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера, ќе понуди и скенер за отпeчатоци, како и Android 5.1 Lollipop систем.

LG G Pro 3 ќе биде готов до почетокот на септември кога ќе треба да се судри со фантастичниот Samsung Galaxy Note 5.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com