Лансиран новиот LG Bello II со убава селфи камера
LG Mobile лансираше уште еден убавво дизајниран смартфон во осносвата класа, овој пат со неколку подобрувања од неговиот претходник со нова селфи камера која има сензор од 5 мегапиксели.
LG Bello II располага и со 5 инчен qHD дисплеј со резолуција од 854 x 480 пиксели, опремен е со четири-јадрен процесор од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија која може да се прошири, како и батерија со капацитет од 2540 mAh.
Главната камера има 8 мегапиксели, додека за конекција користи 4G LTE мобилни мрежи, а софтверот е составен од Android 5.1.1 Lollipop и Optimus UI. Цената на LG Bello II се уште не е откриена но, сигурно нема да надмине повеќе од 150 долари.
Извор: telefoni.mk