Wednesday, Jul 26, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung Galaxy Note 5 – најмускулест во моментот

Samsung Galaxy Note 5 – најмускулест во моментот

Новиот Galaxy Note 5 ќе биде лансиран од Samsung утре, а ова се првите неофицајлни финални информации. Тој ќе биде најмоќниот смартфон, а ако не верувате, ова се неговите спецификации. Освен тоа, ви приложуваме и слики од Galaxy S6 Edge Plus.

Петката се одликува со Super AMOLED дисплеј од 5.7 инчи и резолуција од 2560х1440p. Ако го споредиме со Galaxy S6, овој модел ќе биде најдобар од сите конкуренти. Под хауба има моќна машинерија со 8-јадрен Exynos 7420 и 7422 процесор, кој и во двете верзии е најмускулест и може да понесе најмногу товар од сите смартфони во моментот. Note 5 има 4GB RAM меморија, која го олеснува искуството со фунцкионирање на повеќе апликации одеднаш во позадина, и 32GB меморија (ќе бидат достапни модели со 64 и 128GB) за складирање на податоци, без слот за мемориска картичка.

Камерите ќе бидат исти како оние на Galaxy S6, задната 16MP и оптичка стабилизација на сликата, а предната со 5MP. Note петката ќе снима Ultra HD (4K) видео со резолуција од 3840х2160 пиксели. Освен спецификациите за Galaxy Note 5, во прилог се објавени и неколку фотографии од Galaxy S6 Edge Plus – 5,5 инчен дисплеј со заоблен екран од страните. Edge Plus би требало да биде замена за минатогодишниот Galaxy Note Edge.
Извор: telefoni.mk