Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонОфицијално Samsung Galaxy Note 5 – Супер спринтер

Официјално Samsung Galaxy Note 5 – Супер спринтер

Samsung Mobile направи вистински спринт и го претрка Apple со промоцијата на новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 5 кој за прв пат во историјата наместо во септември доаѓа во август. Samsung Galaxy Note 5 е изработен со добро познатата формула со употреба на најмоќните расположливи компоненти во моментот, заедно со S Pen функционално пенкало, како и повеќе детали во дизајнот кои ќе го издвојат од конкурентите со специфичен изглед.

Samsung-Galaxy-Note5-2

Samsung Galaxy Note 5 доаѓа со 5.7 инчен Super AMOLED дисплеј со најнова технологија која располага со најпрецизна продукција на бои, осветленост, контраст и подреденост на бои. Резолуцијата има 2560 х 1440 пиксели, како и густина од 518 ppi.

За хардверот нема поголеми изненадувања бидејќи сосема разбирливо е искористен главниот адут осум-јадрениот Exynos 7420 со топ перформанси, 4 GB RAM, 32 и 64 GB меморија, но за жал нема мемориска картичка. Батеријата 3000mAh не е премногу голема поради ефектите во дизајнот, но ќе се надополнува со Ultra Power Saving режимот на работа.

Официјално Samsung Galaxy Note 5 - Супер спринтер

Камерата има мал напредок со сензор од 16 мегапиксели, додека пак за селфи фотки ќе користите предна камера од 5 мегапиксели. Најефикасни промени има во Touch Wiz интерфејсот со голем број на новитети за подршка на S пенкалото, со многу повисок степен на оптимизација и отстранување на сите непотребни елементи. Galaxy Note 5 же биде пуштен во продажба на 21 август, а цената ќе изнесува околу 700 евра.

 

Извор: telefoni.mk