Tuesday, Jul 10, 2018
HomeСТУДЕНТУМПрв универзитетски час за новите бруцоши, стартува академската година

Прв универзитетски час за новите бруцоши, стартува академската година

studenti

За бруцошите денес ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство. Универзитетите во Македонија денеска и официјално ја започнуваат новата академска 2016/2017 година.

Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, пак, ќе се обрати на првиот час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) Штип Блажо Боев на свеченоста пред новите студенти на УГД.

Предавање по повод првиот академски час ќе се одржи за питомците и студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) на која ќе присуствува ректорот, Вулнет Амети.