Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПротуѓер не дојде во Апелација, се лекува од блага депресија

Протуѓер не дојде во Апелација, се лекува од блага депресија

Во отсуство на обвинетиот Мартин Протуѓер, поранешен шеф на кабинетот на екс премиерот Груевски почна последната седница во Апелацискиот суд за жалбите во „Титаник“.

– Во моментот на подигнување од обвинителниот акт и приемот тој беше на лекување во воената болница на унгараката армија во Будимпешта. Беше известен од семејството за обвинението, го прекина лекувањето се врати во земјава -објасни одбраната посочувајќи дека Протуѓер е на боледување и сега се наоѓа во Македонија.

За Протуѓер исто така се бара притвор од страна на СЈО,додека неговите адвокати бараат да му се врати пасошот.

Откако обвинителот ја прегледа медицинската документација прокоментира дека здравствената состојба на Протуѓер не е сериозна и дека боледува само од блага депресија.

Седницата на Апелацискиот суд по останатите жалби продолжува в понеделник.