Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПоддржувачите на Брат Љубе со жестоки барања за негово ослободување

Поддржувачите на Брат Љубе со жестоки барања за негово ослободување

Денес на пладе поддржувачите на партијата Обединети за Македонија одржаа протест пред Министерството за правда за ослободување лидерот на партијата Љубе Бошковски. Тие го повикаа директорот на затворот во Идризово, Живко Пејковски, да потпише ослободување на Љубе Бошкоски и да го искористи законското право за предвремен отпуст кои се користи кога затвореникот е примерен.

Во своите обраќања дел од членовите на Обединети за Македонија најавија и кривична пријава за директорот на затворот. На протестот се обрати Стојанче Ангелов кој истакна дека Бошковски е бранител и застанал на чело на полицијата во 2001-ва, па штом биде ослободен ќе се формира десна коалиција која ќе му зададе удар на режимот на Груевски во срце. Барање за ослободување упати и Гојко Јаковлески кој како основач на ВРМО-ДПМНЕ се срами што патриот како Бошковски е затворен од сопствената држава за која се борел.

Официјално петгодишната казна на Бошковски му истекува на 5 ти јуни. Во моментов е отворен уште еден судски случај против Бошковски познат во јавноста како „Ровер“ каде се товари за соучество во ликвидација.