Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Русија

Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Русија

Спасувачите ги открија телата на сите деветмина членови на екипажот на авионот на руското Министерство за вонредни ситуации, кој се урна во Иркутската област, соопштија властите, јави ТАСС.

Началникот на Сибирскиот регионален центар на Министерството, Сергеј Диденко изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на уште двајца членови на екипажот.

Претходно беа пронајдени телата на осум од десетмината, кои патувале во авионот.

Леталото „Ил-76“ се урна на 1 јули при гаснење на шумски пожар. Црните кутии се испратени на анализа во Москва.