Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдена марихуана до паркиран автомобил

Пронајдена марихуана до паркиран автомобил

Вчера попладне околу 19 часот на  патот Гостивар-Кичево,  од страна на гостиварската полиција, бил забележан паркиран автомобил опел астра, со гостиварски регистерски таблици, по што се доближиле до него и откако на лицето кое го управувало возилото му побарале документи за идентификација, истиот се дал во бегство.

Полицајците во непосредна близина на возилото пронашле црна ќеса во која имало непозната растителна материја, најверојатно марихуана со тежина од околу 500 до 1000 гр.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.