Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден женски труп во Вардар

Пронајден женски труп во Вардар

Утринава во водите на реката Вардар, во близина на пешачкиот мост во Злокуќани од страна на случајни минувачи бил забележан женски труп. Полицијата веднаш излезе на терен и телото беше извлечено од водата, а на местото на настанот увид изврши и јавен обвинител. Според информациите на МВР се работи за 60-годишната скопјанка Светлана К. Телото е предадено на обдукција, за да се утврдат причините за смртта.