Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПроменливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови на земјава ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе биде претежно стабилно и суво, но локално, особено во вторник и в среда, ќе има повремени локални врнежи од дожд и пад на темпертурата.