Saturday, Apr 27, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеПроколнат хотел на Пелопонез – никој не сака да го купи

Проколнат хотел на Пелопонез – никој не сака да го купи

Хотелот “Lakonis” се наоѓа на Пелопонез и некогаш бил луксузно место во кое летувала дури и Анџелина Џоли. Меѓутоа, веќе неколку години е затворен и претворен во руина, а никако да се појави купец за него. За изградбата на овој хотел биле вложени милиони и дури три децении. Денес, 13 години од отворањето, овој хотел е само сенка на она што бил некогаш. Комплексот сега е на продажба за 5 милиони евра, но наводно сопственикот би го продал и за двојно помала сума.
grc1Овој некогаш луксузен хотел со 100 соби е во сопственост на непознат милионер, кој поради политички конекции изградбата го чинела многу помалку од 8,5 милиони на колку што е проценет. Иако хотелот сега е во сопственост на Националната банка на Грција, сопственикот и понатаму има право на вето кога станува збор за неговата продажба.
grc2Агентот за продажба вели дека моментално цената на овој хотел е 5,5 милиони евра, но не е откриено под кои услови овој хотел може да се купи. “Ова е навистина животна прилика за некој кој сака да вложи пари во толку голем хотел на феноменална локација”, вели Мина Ланци, агентот за недвижности.
grc3“Бизарно е дека банката не може да го продаде толку долго, иако е познато дека е на понуда. Би сакале да видиме богат инвеститор како вложува пари и го обновува ова место. Тоа навистина би допринело за регионот на Пелопонез, на кој парите му се повеќе од потребни”, раскажува еден од локалците кој е сопственик на еден ресторан во близина на хотелот.
grc4

извор:За забава