Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЅирнете во „Пестана ЦР7“, луксузниот хотел на Кристијано Роналдо

Ѕирнете во „Пестана ЦР7“, луксузниот хотел на Кристијано Роналдо

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ќе го отвори својот хотел со пет ѕвездички, „Пестана ЦР7“. Ова е првиот од четири планирани хотели за чија изградба фудбалерот на Реал мадрид потроши 70 милиони евра. Се очекува до крајот на оваа година и Лисабон да добие ваков хотел, а наредната година и Мадрид и Њујорк.

ronalo hotel 1

Хотелот Пестана ЦР7 е сместен во близина на пристаништето на градот Фуншал на островот Мадеира. Отворањето на овој објект е предвидено до крајот на неделата, а најавено е присуството на голем број ѕвезди, меѓу кои, нормално, поголемиот дел од екипата на Реал Мадрид, но засега не е познато за кои имиња станува збор.

ronaldo hotel 2

Доколку случајно се најдете во неговиот роден град и располагате со 214 евра за сместување за една вечер, сигурни сме дека ќе имате навистина незаборавен престој.

ronaldo hotel 3

„Пестана“ располага со 48 соби и еден ЦР7 посебен апартман кој чини 683 евра по ноќ. Во склоп на хотелот има и велнес центар како и базен на кровот. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и музејот посветен на Португалецот. Некои соби имаат теписи кои изгледаат како трева на фудбалски терен. На покривот на хотелот има и базен, кој нуди прекрасен поглед на градот и пристаништето.

ronaldo hotel 4