Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПроизводителите лажат за потрошувачката на гориво

Производителите лажат за потрошувачката на гориво

Имиџот на автомобилската индустрија сериозно настрада по скандалите за „Фолксваген“. Затоа не е изненадување уште едно откритие – автомобилските измами за потрошувачката на гориво. Возилата користат всушност околу 40% повеќе гориво отколку што е наведено во официјалната продажба.

Истражувањето покажува кај кои производители има најголеми отстапувања, пишува германскиот новинар Николаус Дол во својата статија „Големите измамници во автомобилската индустрија“, објавено во весникот „Die Welt“. Репортерот се повикува на податоците од истражувањето на Меѓународниот одбор за еколошки и чист транспорт (ICCT).

Во истражувањето на „T & A“ се наведува дека „кај „BMW“ отстапување на фактичката потрошувачка и изјави од производителот на сите популарни модели се одликува со повеќе од 49%“. Кај другите марки разликата е „можеби помала, но по правило ја има“.

Според податоците на „ICCT“ „поголеми отстапувања од просечните“ се откриени исто така кај автомобилските компании „Citroen“ „Peugeot“, „General Motors (GM)“. Според ICCT „најмногу изневерување“ во однос на реалната потрошувачка во однос на бараните модели се:

BMW 5 Series + 49%
Peugeot 308 + 48%
Renault Megane + 45%
VW Golf + 41%
Toyota Aygo + 40%

извор:Фактор.мк