Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжува засилувањето на македонско-грчката граница

Продолжува засилувањето на македонско-грчката граница

Денеска продложи зајакнувањето на границата со нашиот јужен сосед од страна на припадниците на АРМ кои им помагаат на полициските безбедносни сили во справувањто со бегалската криза.

humanitarna_migranti13-1280x860

Уште од саботата се започнати подготовки за поставување на двојната заштитна ограда, а со работата се започна вчера кога жицата почна да се поставува неколку метри подалеку од веќе постојаната.

Од ГШ на АРМ  е потврдено дека од денеска армиските припадници ги отпочнаа активностите за помош на граничната полиција за зајканување на постоечката жичана ограда со поставување уште една во нејзина близина со која ќе се спречи нелегално преминување од грчка страна.