Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжува конститутивната седница на Собранието

Продолжува конститутивната седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Изминатите пет седници минаа наместо за точките од дневниот ред, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кршејќи го деловникот дебатираа за албанската платформа.

ВМРО-ДПМНЕ се обидува на овој начин да го блокира именувањето на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а со тоа и изборот на претседател на Парламентот.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.