Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПродолжи судењето на тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и нејзиното бебе

Продолжи судењето на тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и нејзиното бебе

Сега починатиот анестезиолог Зоран Јовановски и неговиот колега Томчо Ванчев поминаа околу два часа во кафе барот каде работев, пред да заминат на интервенција. Вака денеска пред судот сведочеше келнерот според кој испиле околу три чаши алкохолен пијалак.

Како што јавува телевизија „Канал 5“, сега починатиот Јовановски бил чест гостин во кафулето, а вечерта кога се случи трагичниот настан дошол со колегата Ванчев кој тогаш прв пат го видел.

– Го кажа фактот дека пред да одат на царски рез пиеле. Потврди дока кога дошле во кафулето тие веќе биле во полупијана состојба. Само ќе потсетам уште еднаш на изјавата на директорот дека ако се докаже дека биле пијани ќе си даде оставка. Дали ова значи дека треба уште нешто да се докажува? Дека неговата неодговорност и толерирање доведува до уништување на животи – рече Димитрие Кадиев – сопруг на починатата родилка.

Родилката била информирана за постапката на изведување царски рез за што потпишала и согласност, сведочеше денеска дел од медицинскиот персонал кој бил присутен во салата.

Адвокатите на еден од гинеколозите пак се обидуваа да добијат одговор дали целата постапка одела според правилата и дали медицинските тимови постапувале согласно истите.

– Причините за настанувањето на трагичниот случај е точно утврден со вештачењето, обдукцијата и мислиме дека со утврдување на материјалната вистина правилно и законито ќе се донесе пресуда – рече адвокатот Туше Гошев.

– Се создава една пореална слика, конкретно зборувајќи за нашиот властодавец, кој сметаме дека не е виновен а тоа што се обвинува во конкретниот случај – рече адвокатот Борче Стојанов – адвокат.

Триесет и двегодишната Маја Кадиева и нејзиното новороденче починаа на 22 октомври 2015 година за време на изведување царски рез.
Двајца гинеколози и еден анестезиолог се товарат дека сториле кривично дело, тешки дела против здравјето на луѓето.