Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжи конститутивната седница на Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Продолжи конститутивната седница на Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница со расправа по третата точка за изборот на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците кои беа пријавени за збор од ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во салата и со тоа беше исцрпена листата на пријавени кандидати со што заврши претресот по третата точка. Претседателот на Собранието Талат Џафери поради немање кворум даде половина час пауза.

По завршувањето на конститутивната седница Собранието треба да ја одржи третата седница за избор на работни тела, а напладне да продолжи втората седница за избор на нова влада.

Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.