Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПродолжен притворот на возачот на „мерцедес“ кој прегази тинејџер

Продолжен притворот на возачот на „мерцедес“ кој прегази тинејџер

Скопското обвинителство до Кривичниот суд поднесе обвинителен акт против Ј.Д., кој лани на 20 септември на регионалниот пат Скопје – Велес управувајќи „мерцедес” удри во 19-годишно момче кое по десетина дена почина.

„Врз основа на наодите во извештаите по издадените наредби, од страна на надлежен јавен обвинител утврдено е дека обвинетиот не се придржувал кон прописите за учество во сообраќајот. Во моментот на незгодата бил со битно намалена пресметливост и тежок степен на пијанство. Возилото го управувал во насока од Велес кон Скопје​, со недозволена и неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот и притоа удрил во момчето кое се движело по десната коловозна лента во спротивната насока“, соопшти Обвинителството.

Во текот на истражната постапка поради непочитување на мерката – куќен притвор таа беше заменета со притвор, а надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави и предлог за продолжување на притворот.