Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПритвор за осомничениот кој злостави девојче во Капиштец

Притвор за осомничениот кој злостави девојче во Капиштец

По предлог на јавен обвинител изречен е 30 дневен притво на осомничениот 40 годишен маж кој изврши полов напад врз 11 годишно девојче во катна гаража во Капиштец минатата недела.

Девојчето додека возело велосипед по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Анкарска застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарало 20 денари.

Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што истата се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.