Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПритвор за криминалната група, судијата од Куманово меѓу нив

Притвор за криминалната група, судијата од Куманово меѓу нив

Истражните органи по вчерашната акција „Удар“ на МВР одредија мерка притвор за приведените лица осомничени за нелегална трговија со дрога, оружје и мигранти, како и за лихварство. Меѓу нив се најде и претседателот на Кумановскиот суд на кој му е изречена мерка на претпазливост од 30 дена бидејќи постои опасност да го повтори делото или да побегне. Едно лице доби домашен притвор. Акцијата беше спроведена во Скопје и Куманово и наскоро се окечуваат повеќе детали за кривичните дела за кои се товарат.