Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПритвор за 17 новинари во Турција

Притвор за 17 новинари во Турција

Судот во Истанбул им одреди мерка притвор на 17 турски новинари поради обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и според турските власти, е одговорен за обидот за преврат во земјата на 15 јули.

Судот сослуша вкупно 21 новинар, од кои четворица веднаш биле ослободени, додека за останатите 17 е одреден притвор до судскиот процес.

Новинарите се обвинети за припаѓање кон „терористичка група“.

Властите во Анкара вчера му испратија на Вашингтон официјално барање за екстрадиција на Ѓулен.