Monday, May 13, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПретседателот на клубот потврди: Офанзивниот везист пристигнува на „Емирати“

Претседателот на клубот потврди: Офанзивниот везист пристигнува на „Емирати“

Тоа што се пишуваше во последните шест месеци е многу блиску до остварување. Сите медиуми пренесоа дека младиот суперталентиран нигеријски фудбалер Келечи Нвкали е ново засилување на Арсенал, а сега тоа е потврдено и од страна на претседателот на клубот во кој тој играше. Мартин Агупо, претседателот на академијата Диамонд, истакна дека Нвкали ќе потпише петгодишен договор.

„Келечи Нвкали беше со Арсенал, но мораше да се врати за да му се приклучи на националниот тим. Овој месец повторно ќе се врати во Арсенал, каде ќе потпише петгодишен договор“, изјави Агупо. Овој фудбалер веднаш ќе биде префрлен во резервниот тим за подобро да се адаптира на англискиот живот. Тој има само 18 години, а игра на позицијата офанзивен везист.