Претседателот Иванов во 15 часот ќе има заедничко интервју за повеќе телевизии
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во 15 часот ќе одржи заедничко интервју со главните и одговорни уредници на ТВ 24 Вести Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, и Телевизија Нова. Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза
Интервјуто ќе се одржи во кабинетот на претседателот на Република Македонија, а ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија и на интернет страницата www.mrt.com.mk.