Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПо пет часа дивеење, тепање и кршење во Собранието, Иванов повика на смиреност и на лидерска средба

По пет часа дивеење, тепање и кршење во Собранието, Иванов повика на смиреност и на лидерска средба

Претседателот на државата Ѓорге Иванов по пет часа дивеење во Собранието се обрати на јавноста. Тој повика на смиреност и на почитување на деловникот за работа на Собранието. Тој ги повика лидерите на политилките партии утре во неговиот кабинет на лидерска средба. Иванов рече дека странците нема да ни помогнат, туку треба ние внатрешно да си ги решиме работите. Разочарувачки, претседателот како и вообичаено, не ја испочитува целокупната македонска јавност и не застана да одговори на новинарските прашања во ваков клучен момент кога граѓаните на оваа држава бараат одговори.