Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседалот Иванов во 15 часот ќе има заедничко интервју за повеќе телевизии

Претседалот Иванов во 15 часот ќе има заедничко интервју за повеќе телевизии

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во 15 часот ќе одржи заедничко интервју со главните и одговорни уредници на ТВ 24 Вести Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, и Телевизија Нова. Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза

Интервјуто ќе се одржи во кабинетот на претседателот на Република Македонија, а ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија и на интернет страницата www.mrt.com.mk.