Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПравата на муслиманите во САД се кршени по 11-ти септември – одлучи Судот

Правата на муслиманите во САД се кршени по 11-ти септември – одлучи Судот

Америка ги прекршила правата на многу Арапи и муслимани кои се приведени во рамката на борбата против тероризмот по терористичките напади на 11-ти септември 2001 година. Ова е одлуката на судот во оваа држава по тужбата која пред 13 години ја поднесе невладината (CCR) организација Центар на Уставни права со седиште во Њу Јорк.
muslimani
Во одлуката на судот е наведено дека Ашкрофт (тогашниот министер за правда), Милер (поранешен директор на ФБИ) и поранешниот директор на одделот за имиграција Џејмс Зиглар, по 11-ти септемви 2001 година, привеле голем број мажи во Њујорк и Њу Џерси, муслимани и Арапи со што со месеци се кршени нивните права.

Во одлуката се наведува дека овие безбедносни официјални лица под водство на Буш, со оправдување борба против тероризмот, ги повредиле правата на многу Арапи и муслимани со што го прекршиле Уставот на САД. Адвокатот на CCR, Рејчел Миропол изјави..

“Судот ја искористи оваа прилика и го потсети народот дека без оглед дали се државјани или не, човековите права не смеат да бидат жртвувани во име на хистеријата за национална безбедност”.

“Затворањето поединци како да се терористи, во најрестриктивни услови, само затоа што се Арапи или муслимани, излегло од рамката на органичувањата кои го дефинираат Уставот на САД.” – се наведува во одлуката на Судот.

Се додава дека оние кои биле притворени поминале низ патење “само затоа што биле зафатени од хистеријата  по 11-ти септември”.