Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицискиот синдикат бара командна одговорност за настаните во Собрание

Полицискиот синдикат бара командна одговорност за настаните во Собрание

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски за најновите суспендирања на полициските службеници во врска со настаните од 27 април во Собранието побара командна одговорност и правична и поединечна истрага, јавува „Радио Слободна Европа“.

„Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност со законските одредби, притоа внимавајќи на сите поединечни карактеристики на секој случај одделно, особено дали поединечни колеги кои биле сами или во мал број биле во состојба квалитетно да делуваат, притоа недобивајќи соодветни инструкции за ваков специфичен настан. Бараме МВР да не ја занемари командната одговорност која е круцијална во овие ситуации“, истакнана прес-конференција, Антовски.

Од синдикатот апелираат МВР да води сметка за потребата од мерка суспензија од работно место со цел за ненарушување на социјалната положба на вработените и дека сметаат дека во најголем дел таа е непотребна и не го постигнува ефектот.