Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПознатиот фудбалер треба да оди на трансплантација на бубрег

Познатиот фудбалер треба да оди на трансплантација на бубрег

Легендарниот играч на Манчестер Јунајтед Енди Кол ќе мора да оди на трансплантација на бубрег. Познатиот напаѓачот пред три години му е откриен вирус кој ги напаѓа бубрезите. Веќе еднаш беше на лекување, но сега мора да се сврти повторно.

“За време на третманот, Енди Кол ќе направи кратка пауза како амбасадор на клубот. Исто така, тој и неговото семејство се заблагодарија на сите фанови за нивната поддршка и побараа нивната приватност да се почитува во текот на наредниот период “, изјавија од Манчестер Јунајтед.

Вирусот кој го нападна Кол влијае на растот на протеините во организмот, а со тоа ја зголемува и тежината, што е забележливо кај легендарниот играч.

Кол во дресот на Јунајтед играше од 1995 до 2001 и за тоа време даде 121 гол во 275 настапи.