Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНА„Позитив МЕТЕО“: Каков ден не очекува?

„Позитив МЕТЕО“: Каков ден не очекува?

Времето денеска ќе биде нешто пооблачно во однос на вчерашниот ден. Низ Македонија утрово имаме умерена облачност, која во попладневните часови се повеќе ќе го покрива северниот дел од државава.Во текот на ноќта, пак, времето ќе биде речиси сосема разведрено. Облачноста во јужната половина на Македонија во текот на попладнето ќе биде нешто помала за разлика од северниот регион.

Минималната температура во поголем дел од котлините низ земјава се движи во во границите од 1°С до 5°С степени.

Највисоката дневна температура ќе биде во дијапазонот од 18°С до 21°С, а во југоисточниот дел околу 23°С степени. На повисоките места максималната температура нема да надмине 18°С.

Во Скопје не очекува умерена облачност претпладне и рано попладне. Навечер и во текот на ноќта ќе биде претежно ведро. Минималната температура ќе се „спушти“ до 2°С, а максимлната ќе се „искачи“ до 20-иот степен.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има и врнежи од дожд.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и пообилни, а на повисоките места во западна Македонија ќе има и врнежи од снег.