Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПожари беснеат во Грција, Португалија и на Корзика

Пожари беснеат во Грција, Португалија и на Корзика

Високите температури и сувиот воздух предизвикаа нови пожари на југот на Европа, а најмногу во Грција, Португалија и на Корзика.

Пожарот што изби во село кај Атина, уништи неколку куќи и го примора локалното население да ги напуштат домовите.

На францускиот остров Корзика поради пожари евакуирани се околу 1.000 луѓе. Пожарите избувнале во четвртокот, пренесуваат локалните медиуми.

Повеќе од 4.000 пожарникари се борат со 250 шумски пожари низ цела Португалија, која побарала помош од Европската Унија во совладување на огнената стихија.

Портпаролката на агенцијата за цивилна заштита, Патрисија Гаспар, изјавила дека во саботата во Португалија избиле 268 пожари, што е најголем број на пожари во еден ден.

Поради топлото лето, во Португалија ова лето се случија најлошите пожари во Европа. Животите ги загубија 64 лица.